За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи.

Споредено со минатиот изборен процес во 2020 година бројот на мониторинг експерти е двојно намален. Тогаш беа акредитирани беа вкупно 2.148 набљудувачи од кои 2.018 беа домашни а 130 странски претставници од странски набљудувачки мисии.

Според податоците од Државната изборна комисија, локалните избори ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.

Акредитирани за набљудување се и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи, Американската амбасада 15, Британската амбасада Скопје 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.