Движењето БЕСА и Алијанса за Албанците го поставија прашањето за Тетово на ниво на секретари, односно за меѓусебна поддршка на Биљал Касами во Тетово и Арбен Таравари во Гостивар, објавува АТВ Ал сат.
Секретарот на АА, Арбен Таравари се сретна со секретарот на ААА Арјанит Хоџа, за да разговараат за давање поддршка или не на Касами во Тетово, кој во вториот круг се бори со Теута Арифи од ДУИ.
Двајцата по средбата не соопштија детали за тоа кој беше епилогот и кои ќе бидат понатамошните чекори. Таравари рече дека во принцип треба да се поддржи секој кандидат за градоначалник кој не е од ДУИ.
“Анализиравме некои резултати од изборите. Нема нешто друго. Едноставно едно кафе заедно. Оставивме тој да разговара со раководството на неговата партија, а ние со нашето. Бидејќи ние имаме и коалиционен партнер, со кој мора да седнеме и да ги координираме ставовите. Значи за 2-3 дена мислам дека ќе имаме партиски ставови, кои ќе се донесат од партиските органи. Наш политички противник ни е ДУИ, и секој кандидат кој не е од ДУИ, мислам како албанска опозиција треба да го поддржиме тој кандидат вклучувајќи ги сите општини без исклучок. ”- Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.