Павле Камилоски во љубовен занес во новата песна и видеоспот
Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја промовираше неговата трета авторска песна и видеоспот „Универзумот си работи за нас“ на коктел забавата во Хотел Парк.
Спотот се одликува со многу страст и љубовен занес кој Камилоски го носи со убавицата Бојана Нушкова, а хармоничната мелодија на песната ја оживува оваа впечатлива емотивна инспирација.
Музиката, текстот и аранжманот за Павле ги напиша Александар Тарабунов, инаку негов близок пријател за кој Камилоски коментира – „Тара успеа да ја прикаже мојата природа во едно извонредно музичко парче кое од прва ми залепи на душа“.
Оваа љубовна композиција и страст ја режира Александар Ристовски – Принц, кој е воедно и видео продуцент, а постпродукцијата ја изработува студиото на Тарабунов.
Придружниот вокал на Сара Пројковска го истакнува балансот во непосредноста во гласот на Павле, а минималистичкиот и префинет моден стил кој суптилно ја наметнува романтичната црта на Камилоски и Нушкова го остварува дизајнерката Мала Камила.
Павле оваа година ја објави и неговата втора авторска песна и видеоспот „Љубовна рапсодија“.