Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи Фатмир Дехари за градоначалник на Кичево во борбата против д-р Александар Јовановски.
Заев, кој денеска беше во Охрид, посочи дека секаде каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, поддршката на нивното членство ќе биде за коалицискиот партнер.
-Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме. Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти. Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град – изјави Заев.