Екипа на ТВ Сител денеска е сопрена од полицијата при извршување на новинарската работата во Кратово.

Образложението на полицаецот на МВР, со кое раководи министерот Оливер Спасовски, е дека ТВ екипата не била најавена оти сака да снима при контрола.

Во Кратово денеска има многу полициски контроли и гласањето се одвива во малку тензична атмосфера. Според информациите на ТВ Сител биле запленети повеќе возила на граѓани кои оделе на гласање од страна на полицијата под сомнение дека возилата се технички неисправни. Тие ќе бидат запленети до утре, кога ќе се прави технички преглед и, како што е соопштено, доколку се во ред ќе им бидат вратени утре.

И уште една информација до која стигна ТВ Сител од штаб на политичка партија е дека било вршено притисок во врска со гласањето на граѓани од страна на други граѓани кои биле со возила чии регистарски таблички не биле од Кратово.

Видеото може да го погледнете ТУКА.