Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска одржа видео-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и Матео Салвини, лидерот на Италијанската лига, посветена на основањето нова политичка групација во Европската унија, изјави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
– Орбан, Салвини и Моравјецки го истакнаа и успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, издадена од 16 партии во јуни, рече Хаваси.
Според нив, неколку партии и политички организации изразиле интерес за потпишување на документот.
Декларацијата, потпишана од партиите кои се претежно десничарски, предупредува на обиди да се создаде „наднационална европска држава“ во ЕУ и повика на заштита на „европските вредности“, како што е „улогата на традиционалното семејство“ и „јудео-христијанските вредности“ како темели на Европа.