Закани од кадарот на ДУИ почнаа да пристигнуваат веднаш по најавата дека оваа партија по две децении на власт, ќе оди во опозиција.
Директорката на Клинички центар Скопје и член на Управниот одбор на Македонски телеком, Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ, на својот фејсбук-профил, поради незадоволство од развојот на политичките настани во Македонија отворено се закани со војна.
– Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, објави Дардишта.
На оваа објва реагираа повеќе граѓани, како и пратеникот на Левица, Борис Крмов:
– Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ, се заканува со војна ако на нејзината партија не ѝ се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?- одговори Крмов.