Ние сите четири пратеници од Алтернатива одлучивме да гласаме за недоверба на Владата, истакна Африм Гаши на штотуку одржаната прес конференција.
-Изминатиот период бевме сведоци за пречките кои се појавија, во меѓувреме Апасиев ги повлече своите потписи и тргната е единствената пречка, изјави Гаши.
Тој рече дека ставот на партијата е дека не треба да има брзи избори со оглед на енергетската криза и пандемијата, но оти треба да има нова влада изгласана од актуелниот собраниски состав.
„Алтернатива не мисли дека брзи предвремени избори се излез од ситуацијата, мислиме дека треба да се формира друга нова влада. Какво мнозинство ќе има ќе видиме низ процедури, кој пред претседателот Пендаровски ќе потврди дека го има мнозинството и кој може да формира влада. Мислиме дека во ваква криза, пандемија и енергетска криза не би било добро да има избори.Ние би прифатиле да влеземе во влада само со партии кои ќе прифатат идната влада да има вакви јасни определби – евроатлантски курс и добрососедски политики“