Вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, при гостувањето на пратениците Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ, се покрена дебатата кај бил Кастриот Реџепи вчера.
Во дебатата Петрушевски ја запраша својата колешка – „Не знаевме каде е господинот Реџепи, Вие знаевте каде е“.
-На сигурно – одговори Петровска. Што значи тоа „на сигурно“, не појасни, но ова го негира тврдењето на Реџепи дека со семејството бил кај роднини.