Погрешни и избледени хоризонтални ознаки, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сообраќајна сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка, се дел од можните причини за тешката сообраќајка со 45 загинати на автопатот Струма, во Бугарија. Ова го посочија експерти за безбедност на патиштата во „Денот почнува“ на БНТ.
Полицијата на местото на несреќата дозволуваше пристап само на вештаци и истражители, кои работата на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одмарал, како и брзината со која се движел.
Автомобилистот Румен Дунев, вели дека автобусот имал двапати пат на кочење и дека возачот на автобусот не спиел.
-Еден пат е непосредно пред островот, пред автобусот да удри во островчето. И вториот пат непосредно пред да удри во втората заштитна ограда. Возачот на автобусот не спиел. Непосредно пред несреќата има поправка на коловозот, каде што поминува од една во друга коловозна лента, каде што патот е стеснет, т.е. ако почнал да заспива тој таму ќе направел несреќа – вели Дунев.
Дунев тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето.
-Бидејќи од фотографиите што ги има, гори и заштитната ограда, првата што ја удира. Направивме многу детален преглед да видиме дали проблемот е од пукната гума. Имаше траги – изјави Дунев.
Тој, исто така, посочува дека доколку на автобусот му пукнала гума, тогаш би требало да има траги од неа и на асфалтот.
-Во моментот кога се качува на островот, нема траги од бандажот и гумата, што нè наведува да веруваме дека најпрвин дошло до експлозија во автобусот. Тогаш возачот почнал да оди прво десно и да ја намалува брзината, бидејќи по сударот автобусот буквално со многу мала брзина тргнал на левата лента и бидејќи бил тежок, ја скршил заштитната ограда и паднал во просторот меѓу двете заштитни огради – вели Дунев.
Автомобилистот Димитар Илиев, на интернет објави видео во кое ја анализира целата рута по која возел автобусот пред кобниот судар, и констатира недостиг на соодветни знаци за фаталното исклучување, избледени ознаки кои не укажуваат дека има место за одмор на кривина на автопатот, како и немање доволно ефлектирачката сообраќајна сигнализација на заштитната ограда.
Здружението на жртви од несреќи, пак, ја поставува хипотезата дека шверц на гориво е причина за пожарот.
-Во интерес на вистината, пракса е од таму (Турција) да се купуваат запаливи работи, вклучително и плински боци и гориво, бидејќи горивото во моментов е исклучително поевтино отколку кај нас – вели Илија Тодоров од Здружението на жртви од сообраќајни несреќи.
Шефот на автомобилскиот инспекторат Бојко Рановски, смета дека преку патните камери и техничките средства на автобусот може да се утврди дали возачот одмара и со која брзина се движел.
-Има камери кои можат да го детектираат движењето на автобусот, брзината со која се движел и да се утврдат детали за настанувањето на оваа тешка несреќа- вели Рановски.
Тој нагласува дека само годинава се констатирани повеќе од 1.500 прекршоци во автобускиот превоз, а во моментов се проверуваат сите автобуски компании, како и дека во моментот се поставува електронски систем кој автоматски ќе ги проверува сите регистри.