Според информациите што ги споделил денеска новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами, општината има долг од 24 милиони евра.
Информацијата на свој начин ја коментираше градначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски:
Кога го видов долгот на Тетово, ми олесна!, напиша тој, алудирајќи на долгот што тој го наследил, а кој според првичните инфорации изнесува околу 4 милиони евра.
Информациите од крајот на минатата година велеа дека општина Тетово должи околу 9 милиони евра, па останува нејасно како е напареавен овој долг. Поверојатно е дека ланската информација не била целосна.