Нервниот агенс „новичок“ е исклучен како можна причина за „здравствениот инцидент“, кој се случи синоќа во ресторан во Солсбери, јави Би-Би-Си.
Реонот околу ресторанот беше отцепен од полицијата, откако на две лица – маж на околу 40 години и жена на околу 30 години, им се слошило додека вечерале.
Полицијата на Вилтшир подоцна соопшти дека двете лица се хоспитализирани поради стравување дека биле „изложени на непозната материја“.
– Сега може да потврдиме дека нема ништо што укажува дека таа материја е „новичок“, изјави портпаролката на полицијата. Според неа засега се уште не е познато дали е извршено злосторство и истрагата продолжува.
Едното лице од хоспитализираните е руски државјанин, соопшти телевизијата „Скај“, повикувајќи се на свои извори.