Ситуацијата со училиштата сега е мирна, бидејќи го пресековме ширењето на вирусот со продолжениот распуст, но по враќањето на децатста во училиштата, бројките почнаа да растат.
„Се уште не сме ги достигнале тие бројки од пред распустот и прашање е дали ќе ги достигнеме, но проактивно размислување за тоа да го спречиме ширењето, сега со појавата на Омикрон е уште повеќе рационално“, истакна српскот шеф на Кризниот штаб д-р Кон во врска со пандемијата во Србија и ширењето ана вирусот меѓу децата.
Србија имаше по 30 и повеќе проценти заразени на дневно додека учениците одеа на училиште.
Од 9 ноември ги пратија децата на продолжен распуст и од тој момент Србија по повеќе месеци почна да го намалува процентот на заразени и од една катастрофа, дојде до 15-тина отсто позитивни на дневно ниво. сето тоа се поклопува со распустот на децата, што го признава и самиот Кон.