Денеска почина познатиот новинар Тодор Пендаров.
Причината е Ковид 19, иако првично ја прележал, но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови, објави Либертас.
Во својата кариера беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите тв настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.
Подолг период Пендаров беше советник за односи со јавност во Собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељановски.