Името му е Ајхан Кавадар, роден и живее во Турција, но се чувствува како син на Македонија и готово секој ден го почнува со химната „Денес над Македонија се раѓа“ и со порака за ослободување на македонските патриоти – политички осудените уставобранители.

– Јас сум крв македонска, јас сум син на Македонија, душа ќе дадам ако треба само за мила Македонија, вели Ајхан Кавадар во една од неговите објави на неговиот профил на Фејсбук.

Тој е роден во Турција, а неговите претци се иселиле од Македонија. Но, Кавадар ја сака Македонија можеби и повеќе отколку многу родени во Македонија.

На својот профил на Фејсбук, и денеска, како и секое утро објави „слобода за македонските уставобранители“ кои веќе петта година минуваат во затворите, по политичките пресуди.

(Д.Г.)