Кадрите кои ќе бидат предложени за нови министри и заменици министри од страна на Алтернатива, ќе бидат избрани во Собранието откако премиерот Заев официјално ќе замине од функцијата, односно откако на негово место дојде нов мандатар кој ќе состави Влада.
-Моите денови се избројани. Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне постапката за предлагање на новата Влада во парламентот. Тоа се 20-ина дена од сега. Ова прашање од тогаш натаму не зависи од мене, туку ќе зависи од новиот мандатар, од новиот премиер, изјави Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.