Европска Унија би можела да биде посилна во иднина доколку Западен Балкан се приклучи на Унијата, е заклучокот од Конференцијата во Будимпешта – „Дијалог за иднината на Европа: Дали проширувањето е клучот за иднината?“.
На Конференцијата присуствуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеији, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто од Унгарија и организаторката на Конференцијата, унгарската министерка за правда Јудит Варга.
Вархеји истакна дека мора да се обликува иднината со земјите од Западен Балкан и посочи дека земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот на Западен Балкан го делат континентот и припаѓаат на иста култура, економија, географија и историја.
– Тоа се факти и реалност, посочи Вархеји, додавајќи дека е многу важно што самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа на Брдо кај Крањ во Словенија покажа посветеност на европската перспектива на Западен Балкан.
Според него, тоа е само почеток на патот на кој се наоѓаат ЕУ и Западен Балкан.
– Со сигурност можеме да кажеме една работан ако зборуваме за иднината на Европа. Сакаме посилна Европа заснована на стабилност, безбедност и просперитет. Европа може да биде посилна само ако целосно го интегрира Западен Балкан, наведе Вархеји.
Тој додаде дека само ЕУ може да обезбеди стабилност, безбедност и просперитет на Западен Балкан на долг рок и државите од регионот треба да продолжат со спроведувањето на реформите.
Сијарто нагласи дека НАТО не може да ги разбере оправдувањата на ЕУ за земјите од Западен Балкан.
– Ако ЕУ не го интегрира тој регион, некој друг ќе го интегрира, потенцира Сијарто, додавајќи дека Западен Балкан би бил суштински важен за посилна ЕУ.
Варга посочи истакна дека Европа треба да признае дека регионот на Западен Балкан е дел од европското семејство и географски, културолошки и историски.