Мора да им се застане на патот на сите кои го корумпираат нашето општество. А тоа го можеме само заедно со граѓаните кои постојано ги охрабруваме гласно да покажуваат на корупцијата, објави премиерот во заминување Зоран Заев на Твитер.
Според податоците кои ги објавува Транспаренси интернешнел, Македонија се подлабоко тоне во корупција. Таа на почетокот на годината ја објави листата според Индексот на перцепција на корупцијата, а Македонија ја рангира на 111 место што е најлошо рангирање откако ИПК се мери во Македонија.
За само две годни државата бележи пад 18 места и е најлошо рангирана во регионот на Западен Балкан.