Поморската федерација на Грција реши дводневниот штрајк што почна во петокот, да го продолжи за уште 48-часа, со што сите категории на бродови, до понеделник на полноќ остануваат закотвени на пристаништата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Бродскиот сообраќај требаше од денеска да почне одново да функционира, со оглед на тоа дека завршуваше 48-часовниот штрајк, меѓутоа со одлуката за продолжување, ќе биде во прекин до утре на полноќ.
Од федерацијата ја оставија отворена можноста одново да биде продолжен штрајкот, а бараат покачување на платите во колективните работни договори за 2020 и 2021 година и решавање на проблемите во конкретниот сектор.
Федерацијата, 48-часовен штрајк одржа и минатиот месец.