Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на МТВ посочи дека се успеа да се соберат 61 глас, но се виде што се случи.
Според него ако власта имаше мнозинство што не влезе во собраниската сала и како што рече ќе имавме дебата, но тоа е нивна работа.
Мицкоски кажа дека кога сега е ваква ситуацијата има разрушен систем, институции на колена мора да се преземе нешто, односно дека предвремените избори се единствено решение.
„Ако би било лесно не би биле ние, би било неодговорно ако гледате дека државата оди во погрешна насока, власта нема стратегија, тогаш единствено ни останува како општествено одговорна партија да понудиме решенија“, рече Мицкоски.
Според него потребна е влада која може да се справи со предизвиците, да ги решава проблемите, да се справува со надворешните влијанија.
Оттука, додаде тој, треба да се врати вербата во институциите.
„Ние трпевме критики кого ни велеа зошто молчите, не преземате. Тоа беше така за да не бидеме прогласени за деструктивни и бевме трпеливи, ги примивме ударите“, посочи Мицкоски.
Според него, економски колапс и на граѓаните и на државата ќе има затоа што во власта не беа паметни и мудри тоа што им го предлагале пред шест месеци да го примеат. Сега тоа што можеше помалку да не чини, ќе не чини два до три пати повеќе сега, потенцирал тој.
Мицкоски истакна дека ќе треба многу средства за да се помине годинава и тоа како што рече тој само за да се помине годината, а не да инвестира во развојот на производните капацитети, укажувајќи дека во енергетиката се планира од сега за следните две години, а не од сега за следниот месец.
Ако наместо да крадат и да се здружуваат во тендерите во РЕК Битола копаа, произведуваа, демонтираа, денеска немаше да бидеме во една ваква ситуација. Потрошија многу пари во ноември, четири милијарди денари за да ги покријат кражбите на МЕПСО од соседните систем оператори и да покријат недостаток на електрична енергија што требало согласно баланс енергетски да ја произведат ЕЛЕМ, а не успеала да ја произведе, додаде Мицкоски.
Ќе ни требат многу пари само за да ја поминеме година и тоа само да ја поминеме година, без да инвестираме во развој на производните капацитети за да можеме да го дочекаме летото, па ледната зима. Затоа што во енергетиката вие сега планирате за следните две години, не се планира сега за следниот месец, изјави тој.
Мицкоски нагласи дека токму поради ова потребни се предвремени парламентарни избори со влада која ќе има кредибилитет и легитимитет да ги реши економската и енергетската криза.
Една хаотична состојба, без план, од денес за утре гледам дека се решаваат работите. Тоа е уште една причина повеќе да излеземе на предвремени парламентарни избори и да имаме влада со политички легитимитет и кредибилитет која што ќе може да да се справи со ова дециден е Мицкоски.