Вистина е дека прават се, ама за да ја задржат власта и да пљачкаат во Македонија до последниот момент, вели Аднан Азизи, секретар на Движењето Беса.
Азиси, како што објави агенцијата на албански јазик ИНА, ги исмеа партиите на власта по неуспехот Македонија да добие датум за отворање на преговорите со Европската Унија. Тој рече дека Владата е делегитимирана и оти треба веднаш да се одржат парламентарни избори во Македонија.
„Датум… Интеграции… Европска Унија… процес… Не оглувеа со празните пароли, додека во реалноста, вистина е дека прават се, за да ја задржат власта и да пљачкаат до последниот момент. Датум нема – Владата е делегитимирана, затоа да се одржат предвремени парламентарни избори веднаш, уште утре, зашто овие можат само да не однесат во бездната“, гласи објавата на Азизи која ја пренесува ИНА.