Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата, најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството. Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8 отсто, како и 0 (нула) проценти данок за младите. Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена, соопштуваат од партијата.
За економски раст, се додава во соопштението, потребна е борба против корупцијата.
– Македонија мора да биде меѓу првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата. Македонија во догледно време мора да има стандард како Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ, се вели во соопштението.