Владината коалиција е стабилна и капацитетна да испорача добробит за граѓаните и да ги решава предизвиците со Бугарија, објави вечерва премиерот во оставка, Зоран Заев.
– На работната средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, разговаравме за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство. Новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евроатлантскиот пат. Целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓање решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во ЕУ, објави Заев на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Тоа е истата „капацитетна коалиција“, која веќе во втор мандат го решава проблемот, „добива датум од ЕУ“ и им „носи добробит на граѓаните“.