Грузискиот Совет за борба против коронавирусот денеска ги прогласи деновите од 1 до 10 јануари за неработни во земјата поради пандемијата на Ковид-19.
– Мерката се однесува на државната администрација, а приватниот сектор сам ќе одлучи дали ќе го следи примерот, изјави шефот на Советот, Гиорги Гибрадзе.
Тој додаде дека од 29 декември до 17 јануари учениците ќе бидат на одмор.
Досега во Грузија се регистрирани 916.477 случаи на инфекција со коронавирус, што е 24,58 отсто од населението во земјата, а починале 13.221 лице.
Според последните податоци, целосно се вакцинирани 1.096.229 лица, односно 29,4 отсто од населението на кавкаската република. Во Грузија се користат американски и кинески вакцини.