Апсурд е, но премиерот кој го смени уставното име на Република Македонија, кој (непотребно) ги смени називите на речиси сите институции со префикс македонски, а го изгреба и секаде каде што можеше симболот од сменетото знаме на Република Македонија… на заминување да се повикува на Деловник од Република Македонија.

Премиерот во оставка Зоран Заев во оставката што ја поднесе до Собранието пишува:

„До претседателот на Собранието на РС Македонија, м-р Талат Џафери. Почитуван г. Џафери, врз основа на член 219 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија (без Северна з.н.), во прилог Ви ја поднесувам оставката од функцијата Претседател на Владата на РС Македонија. Истовремено, Ве известувам дека истата нема усно да ја образложам. Зоран Заев (скратен потпис, своерачен)“.

Апсурдно е Заев, кој го избриша „Македонски“ пред Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Македонска филхармонија… си заминува од Скопје во Струмица со оставка, повикувајќи се на Деловник од Република Македонија.

А мајтапчиите на социјалните мрежи забележаа дека, наводно, спикерот м-р Талат Џафери нема да му ја прифати оставката оти не била напишана двојазично.

(Д.Г.)