Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози и наместа со густа магла, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.
Автомотосојузот инфпормира дека сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински Извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.