Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди.

Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан.

Натпреварот Арсенал – Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 20:45 часот.