Американската потпретседателка Камала Харис ги повика денеска Американците да се „обединат“ за да ја „бранат демократијата“. Таа го упати повикот една година по упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, извршен од приврзаниците на Доналд Трамп.

„Американскиот дух е ставен на тест“, рече таа на церемонијата во Конгресот по повод мрачната годишнина.