Скопје дише загаден воздух зошто Владата 5 години еден денар не одвои за да го намали загадувањето, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението од СДСМ за загадувањето во Скопје.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија.
Пет години Заев и неговиот пион Ковачевски не направија ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот.
Проблемот со решавање на загадувањето на воздухот е системски проблем чие решавање треба да дојде од владата.
А, владата нема план и понатаму како да се справи со загадувањето на воздухот.
За разлика од владата, Град Скопје и општините прават се што е во нивна можност да го намалат загадувањето, но без работа од страна на владата поголеми резултати не се возможни, затоа потребни се предвремени парламентарни избори и избор на нова влада која ќе се бори против загадувањето на воздухот.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ