Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е задоволен од начинот на кој неговите фудбалери ги одиграле последните неколку натпревари. „Црвените ѓаволи“ забележаа две победи во Премиер лигата, а потоа убедливо во Берн го победија и Јанг Бојс, во Лигата на шампионите.
Покрај играта на целиот тим, Португалецот бил особено задоволен од начинот на кој на последните мечеви функционирал тандемот на централни дефанзивци Смолинг-Либделоф.
„Ги решивме дефанзивните проблеми, но тоа не е заслуга само на Сломинг и Либделоф. Не сакам да испадне дека напредокот е врзан за нивните имиња и да испадне дека проблемот биле Џонс и Баи. Целиот тим игра добро, а тие се дел од тимот. Сега сме компактни, повеќе соработуваме, имаме добра комуникација на теренот. Прусутен е тимскиот дух. Добрите резултати ни ја вратија самодовербата. Напредокот е евидентен“, рекол Мурињо.
Клубот од „Олд Трафорд“, по пет кола во Премиер лигата има девет бода, а салдото може да го зголеми по саботниот дуел со Вуверхемптон.