Демократската унија за интеграција одржа средба со жителите на Општина Теарце, каде пред жители на селата кои припаѓаат во ова општина се упати повик на 30 септември што по масовно да се определат за опцијата на иднината, за опцијата што ни носи членство во НАТО.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред граѓаните истакна дека со Договорот од Преспа се отворија вратите за НАТО и ЕУ и дека со овој договор победи мирот.
– Со зачленувањето во НАТО, победата е во сигурноста и стабилноста, немајќи ги тие, нема да има економски развој, а за секој домашен или странски инвеститор на прво место е сигурноста и стабилноста. Ние ќе станеме поважни како дел од овие структури, како дел од најголемата политика -воена алијанса НАТО, ќе станеме по корисни за домашната економија како од од Европската унија. За 15 месеци ќе станеме членка, односно 30-та земја на НАТО. На овој начин ќе ја обезбедиме нашата иднина, економијата, која ќе биде многу напредна со многу подобри стандарди и истовремено ќе го спречиме иселувањето на младите и ова ќе се направи создавајќи стандарди тука, во нашата земја. Да излеземе на гласање и да ги убедиме и тие кои се скептични и неопределени да излезат на 30 септември и да гласаат ЗА Македонија во НАТО, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во Општина Теарце, говор пред граѓаните одржа и градоначалникот од редовите на ДУИ, Исен Асани, поранешниот градоначалник на пштина Чаир, Изет Меџити и претседателот на огранокот на ДУИ во Општина Теарце, Шабан Мемети.