СДСМ нема граница во нивните лаги, а нема граница ни во злоупотребата на јавните функции. Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов и Јанчева се обидуваат да ја премолчат пред јавноста.
Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Во продолжение интегралнот текстот од прес-конференцијата:
Во предновогодишна забава организирана од Јанчева и Шилегов се потрошиле 91.560 денари.
Таа фактура е потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. И додека СДСМ се обидуваат да ја сокријат вистината преку несоодветни соопштенија, ова се документи, кои ја потврдуваат веродостојноста на тоа што го говорам.
Прво, во овој документ, тоа е службена белешка испратена од секторот за финансии на Град Скопје на 03.02.2020 година до тогашниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на градот,Викторија Аврамовска Мандиќ и јасно е наведено дека доставената фактура со број 76/19 се однесува за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Притоа, секторот на финансии укажува дека тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.
Ова е начинот на кои работеле СДСМ, без почитување на Законите кое претставува основа за непочитување на владеењето на правото.итева
Второ, во овој документ, тоа е Образец за реализирани средства за репрезентација од 31.01.2020 година и јасно се гледа дека Љубица Јанчева,како претседател на Советот на Град Скопје искористила средства за репрезентација по повод предновогодишна забава во вкупен износ од 91.560 денари.
И трето, почитувани граѓани, ова е фискалната сметка од каде се гледа со што се частело друштвото кое било присутно и за да биде уште посрамно, се гледа дека Шилегов тогаш имал посебна сметка на која пишува, цитирам – „специјална нарачка за градоначалник г-дин Шилегов”. Скапи јадења, бифтеци на путер и алкохолни пијалоци барикирани 12 години.
Од ова јасно се гледа на што се трошеле градските пари.
Залудно се труди СДСМ преку бледи соопштенија да ја сокрие вистината и да ја одбегне одговорноста.
ВМРО-ДПМНЕ транспарентно ги објави документите кои се доказ за ова, па ги повикуваме СДСМ, Шилегов и Јанчева да ѝ објаснат на јавноста дали ова бил нивниот начин на работење, прослави и забави на сметка на скопјани.