На 56 години, ненадејно починала првата сопруга на Александар Вучиќ, Ксенија

/ 29.01.2022

Познатата српска новинарка која е и прва сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ почина денеска во Белград на 56 годишна возраст.

Српските медиуми јавуваат дека причината за нејзината ненадејна смрт не е позната.

-Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме семејството и пријателите, се огласи Вучиќ на социјалните мрежи.

Ксенија како новинар работела повеќе од 30 години. Последните години водела емисии на ТВ Пинк.


Од истата категорија