20 патници побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола по сообраќајната несреќа што се случи попладнево пред 15 часот на излезот од Битола, на магистралниот пат кој води кон соседна Грција, известува ТВ Телма.
Шест минале со потешки повреди, а останатите се полесно повредени.
Нема жртви во оваа сообраќајна несреќа, што се случи меѓу три возила, едно комбе со ресенски регистарски таблички кое превезуваше работници од фабриката Кромберг и Шуберт по завршувањето на првата смена, потоа патничко возило ауди и влекач паркиран покрај патот.
По ударот со патничкиот автомобил, комбето се заби во влечното возило со предната страна.
-Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на магистралниот пат кон граничниот премин Меџитлија, беше во прекин повеќе од еден час, а возилата се пренасочуваа кон алтернативни патишта.
Прегледите и дијагностичките процедури во Клиничката болница во Битола траеја неколку часа во сите одделенија.
Најголем број од оние кои побараа лекарска помош се од работници кои се превезуваа во комбе