Во изјава за аргентинските медиуми, Карлос Тевез истакнал дека Меси е „дар на природата“, „сув талент“, додека Португалецот е фанатик за вежбање и тренинг и така ги надоместува тоа што природата му го скратила.
Наспроти Роналдо, Меси ретко кога останувал после тренинг, а речиси никогаш немал дополнителен.
„Никогаш не сум го видел Меси во теретана, никогаш не сум го видел да остане после тренинг и да вежба нешто со топката. Додуше, сега вежба пенали. порано ни тоа не го праваше. и тоа е главно се што тој дополнително прави, рекол Тевез.
За разлика од тоа, Роналдо е целосна спротивност. Според Тевез, тој толку е приврзан на работата со справи што тоа му преминало во опсесија.
„Кристијано после тренинг секогаш продолжува да вежба во теретана. За него тоа е опсесија, да биде прв во се. Секогаш доаѓаше на тренинг пред сите. Ако е тренингот во девет, тој е таму во осум. Еднаш се обидов да стигнам пред него и дојдов во седум, а тој веќе беше тука. Поспан, но беше тука, прв“, изјавил Тевез.