Заедничка конференција на министрите за надворешни работи и за здравство на Европската унија ќе се одржи денеска во Лион, со цел натамошен развој на европската надворешна здравствена политика.
Министрите ќе разговараат како да се организира ЕУ во ек на пандемиската криза, особено за набавка и донација на вакцини, третман, дијагностика, производствени капацитети и зајакнување на здравствениот систем.
На состанокот ќе се разговара за глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус и Европската координација за меѓународна здравствена солидарност.
Министрите ќе се осврнат на средствата за консолидирање на улогата на ЕУ и нејзините земји-членки „во зајакнувањето на здравствените системи и здравствениот суверенитет на земјите со низок и среден приход, вклучувајќи трансфер на технологија и активности за зголемување на производствените капацитети“, се наведува во соопштението.