Скоро половина Скопје остана без електрична енергија.
Околу 17 и 20 часот, во населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Козле, Карпош, Водно… снема струја.
Засега е непознато каде е дефектот и што е причината за истиот, но сигурно станува збор за поголем проблем.
Скопјани реагираат дека ако долго време се без струја, нема да можат да се загреат во домовите.
Според информциите, проблемот е поради дефект на трафостаницата во Пинтија каде дошло до експлозија, а која е во надлежност на МЕПСО.
Струјата три пати доѓаше, но само на кратко.