Унгарија луто реагираше на пресудата на Европскиот суд на правдата, што отвора можност земјата да загуби од фондовите на ЕУ поради спорот за владеењето на правото, јави ДПА.
Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, одлуката на Судот ја опиша како политички мотивирана.
– Одлуката е доказ дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, напиша Варга на Твитер.
Таа тврди дека одлуката е базирана само врз тоа што минатото лето го Унгарија усвои Закон за детска заштита.
Коментарот на Варга се однесува на легислативата, донесена минатата година, за штитење на децата и младите лица во Унгарија од одредена содржина, поврзана со сексуалноста.
Критичарите го критикуваа законот како обиди за отфрлање на хомосексуалноста и трансродовите лица и за да ги оддалечи младите од важните информации.
Европската унија поведе прекршочна постапка како одговор на контроверзната легислатива. Сепак, тој случај, не е поврзан со механизамот за владеење на правото во центарот на денешната пресуда во Европскиот суд за правда.