Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со вршителот на должност министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложил итно да отпатува во Ростовската област за да организира обезбедување услови за сместување, храна и се што е потребно за бегалците кои пристигнуваат од Донбас.
Тоа го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно, гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, му се обрати на претседателот Путин со барање да обезбеди итна помош во таа област во врска со неочекувано големиот прилив на бегалци од Донбас.
Рускиот лидер, исто така, и наложи на Владата итно да обезбеди исплата од по 10.000 рубљи (околу 115 евра) за секој бегалец што ќе пристигне од Донбас во Ростовската област.