Џо Бајден е претседател нешто повеќе од една година. И таа година не беше љубезна кон него, објави Си Ен Ен во прилогот на оваа тема.
Во новата анкета на NPR/PBS/Marist College, повеќе од половина – 56% – од Американците рекле дека првата година од вршењето на функцијата, за Бајден била „неуспешна“, додека само 39% ја опишале како успешна.
Вестите не стануваат подобри колку повеќе „копате“ во анкетата. Две третини од независните испитаници реккле дека првата година на Бајден била неуспешна, додека 9 од 10 републиканци (91%) се согласуваат со таа проценка.
Бројките за Бајден се подобри меѓу демократите — 80 отсто ја опишале првата година успешна — а 15 отсто од членовите на неговата партија ја опишале неговата прва година на функцијата како неуспешна.
Сега, поставувањето на такво бинарно прашање – или првата година на Бајден беше успешна или неуспешна, без простор во средината – има тенденција да ја отстрани секоја нијанса од прашањето. Има неверојатни сложености во проценката на тоа што направил еден претседател. Честопати, претседателот е осуден на еден начин за време на неговото време на функција и на друг начин откако ќе замине, штом влијанијата на неговите политики ќе дојдат во појасен фокус.
Сепак, изборите имаат тенденција да ги принудат гласачите да размислуваат на овој начин на сè или ништо. Или гласаш за демократ или за републиканец. Или ќе гласате за реизбор на вашиот актуелен претседател или ќе го изберете предизвикувачот. Гледано низ тој политички објектив, овие анкетни бројки се крајно проблематични за демократите.