Ватикан е подготвен да го „олесни дијалогот“ меѓу Русија и Украина за да се стави крај на војната, изјави денеска државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, вториот човек во хиерархијата на Ватикан.
Пароли изјавата ја даде за италијанските весници во која кажа дека и покрај војната што Русија ја почна против Украина, тој е убеден дека секогаш има простор за преговори.
Украинскиот амбасадор во Ватикан, Андриј Јураш, во интервју за Ројтерс на 14 февруари кажа дека Киев е отворен за посредување на Ватикан во конфликтот со Русија, нарекувајќи ја Светата столица „многу влијателно, многу духовно место за состаноци“.
Паролин за италијанските весници денеска кажа дека дијалогот е единствениот „разумен и конструктивен начин за решавање на разликите“.
„Светата столица, која постојано, низ годините дискретно и внимателно ги следеше настаните во Украина, понуди да го олесни дијалогот со Русија и секогаш е подготвена да им помогне на двете страни да продолжат по овој пат“, кажа тојм пренесоа „Ватиканските вести“.
Папата Франциск вчера повика на воспоставување хуманитарни коридори за да им се помогне на бегалците да ја напуштат Украина. Тој, исто така, кажа дека оние кои се во војна не смеат да се залажуваат дека Бог е на нивна страна.