Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на своите граѓани да се борат во Украина доколку сакаат, се наведува во денешното соопштение на Парламентот.

– Нашите граѓани кои сакаат да ја поддржат Украина и доброволно да служат таму во одбрана на украинската независност и нашата заедничка безбедност можат да го сторат тоа, изјави претседателот на парламентарната комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување на корупција, Јурис Ранчанис.

Како што се наведува, парламентарната комисија на Летонија го подготвила законот.