Амбасадата на Русија во Отава е информирана за задржувањето на чартер авион со руски државјани и соработува со канадските власти за да се реши ситуацијата, изјави рускиот амбасадор во Канада Олег Степанов.

– Информирани сме со тоа. Продолжуваме да бараме одговор од канадското Министерство за надворешни работи. Од утрово немаат информации за овој инцидент. Нашиот конзул се справува со оваа ситуација, истакна амбасадорот.

Авион со руски државјани е задржан на аеродромот во градот Јелоунајф во северниот дел на Канада, објави денеска на Твитер канадскиот министер за транспорт Омар Алхабра.

Тој објасни дека тоа е направено како дел од канадските санкции против Русија.

Канада на 27 февруари донесе одлука да го затвори воздушниот простор за руски авиони поради агресијата врз Украина.