Два кикса на голманот на Ливерпул, Кариус, како и повредата на најдобриот играч на англискиот клуб Салах во 31 минута, го одредија победникот на вечерашното финале во фудбал на Лигата на шампионите.
Реал победи со 3:1 со два гола на Бејл и еден на Бензема, но впечаток е дека по овие несреќи за Ливерпул, Англичаните не играа туку само се обидуваа да му парираат на кралскиот клуб штпо водеше директно во пораз.
Ова е второ финале на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во кое му се случуваат вакви настани. Последниот пат тоа беше со Борусија Д., кога исто така мораше да се откаже од најдобриот играч по што Борусија загуби.
За Зинедин Зидан ова е трет пехар.