Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео обраќање упати „очајнички повик“ до американските сенатори да испратат уште авиони во Украина за да ѝ помогнат на земјата во борбата против руската инвазија.

Во американскиот Конгрес контролиран од демократите, има силна двопартиска поддршка за итна воена и хуманитарна помош за Украина од 10 милијарди долари по руската инвазија која започна на 24 февруари.

Зеленски побара од Западот да воведе зона на забранети летови над Украина, но САД и нивните сојузници во НАТО ги отфрлија тие повици, плашејќи се од директна конфронтација со Москва.

Неколку републикански членови на Конгресот, вклучително и републиканските сенатори Марко Руби и Линдзи Грахам, на Твитер ја објавија својата поддршка за Зеленски за време и по видео разговорот.