Јавната радио група Радио Франција објави дека ја прекинува кореспонденцијата на своите новинари во Русија, по усвојувањето на рускиот закон кој предвидува затворска казна за објавување „лажни информации“ за војната во Украина, според критериумите. на руските власти, јави дописникот на МИА.

Групата, која има седум национални канали, вклучително и Франс Интер и ФрансИнфо, побара правна експертиза за да утврди дали рускиот закон важи за странските новинари. Исто така, побара мислење од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), голема алијанса на медиумите на јавниот сервис. Во очекување на овие заклучоци, кореспонденцијата на нејзините новинари во Русија е прекината.