Украина нема да прави компромиси за нејзиниот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за не-НАТО модел за иднината на земјата, изјави Давид Арахами, еден од преговарачите на Украина, за „Фокс њуз“.

Украина бара членство во Европската унија и НАТО, на што Москва се противи. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека можноста за членство на Украина во НАТО е доказ дека Алијансата врши агресија врз Русија.

„Одговорот што го добиваме од земјите на НАТО е дека тие не се ни подготвени да преговараат за нашето членство, барем не во следните пет до десет години“, рече преговарачот Арахами.

„Ние сме подготвени да преговараме за не-НАТО модел. На пример, би можеле да добиеме директни гаранции од различни земји, како што се САД, Кина, Обединетото Кралство и можеби Германија и Франција. Подготвени сме да разговараме со поширок спектар на земји, не само билатерално со Русија, туку со другите партнери“, додаде тој.

Украинската и руската делегација веќе одржаа два рунди разговори откако Русија ја нападна соседна Украина на 24 февруари.

Кој е моделот надвор од НАТО?

Не-НАТО моделот (MNNA) е име дадено од Соединетите Држави на владите на блиските сојузнички земји кои имаат стратешки односи со вооружените сили на САД, но не се членки на НАТО.

Нивниот статус не вклучува договор за заемна одбрана со САД, но носи различни воени и финансиски предности кои инаку не се достапни за земјите кои не се членки на НАТО.