Власта на СДСМ и ДУИ прво убедуваше дека нема да има поскапувања, па потоа дека тие нема да се одразат на стандардот на граѓаните, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија за актуелниот проблем совисоката цена на горивата во Македонија:
Да биде уште потрагично, власта се фали дека имале информации за кризата од пред 4 месеци, а сепак ништо не презеле да превенираат.
Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството.
ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.
Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.
Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ