Кина одби да им испорача делови за авиони на руските авиокомпании, изјави денеска портпарол на Администрацијата за воздушен транспорт Росавијација.
Воздухопловниот сектор на Русија е притиснат од западните санкции поради инвазијата на Украина, а руското Министерство за надворешни работи оваа недела предупреди дека безбедноста на руските патнички летови е под закана.
Портпаролот на Росавијација дополни дека Русија ќе бара можности да набави делови од земји, вклучувајќи ги Турција и Индија, по неуспешниот обид да ги добие од Кина.