Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување на ТВ Телма, истакна дека бесплатен јавен превоз ќе има и ќе се реализира токму како што е предвидено во програмата.

– Да отпочнам со она дека нема да има јавен превоз, бесплатен јавен превоз ќе има! Ќе се реализира програмата токму онака како што е напишано во истата, етапно во фази, прво ќе исправиме што е погрешено, па ќе ги реализираме проектите кои се предвидени во програмата, кратко објасни Арсовска.

Во врска со функционирањето на јавните претпријатија, таа истакна:

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Според неа директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци.

– Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат, додаде Арсовска.